Закани, оштетување возило, истрели - драма во Аеродром

46-годишник од Скопје со пријава до Полициската станица Аеродром.

Имено, на скопјанецот му бил оштетен автомобилот од страна на лице кое претходно му се заканувало, а потоа од друго возило биле упатени истрели од огнено оружје кон него. 

Од МВР со детали за случајот:

-На 05.10.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец“, додека управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило. Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег“, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото. Исто така, на 05.10.2022 во 00.35 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Лисец“, додека неговиот брат И.Ј. управувал патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, со огнено оружје било оштетено возилото - се вели во соопштението на МВР. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.