Закани, физички напад и сообраќајка - вистинска драма се случувала во Чаир

Министерството за внатрешни работи информира дека, вчера во 18.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир, додека Е.Д. од Скопје управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое како сопатници биле неговиот брат А.Д.(24) и неговиот другар, биле пресретнати од патничко  возило „голф“, без регистарски ознаки, управувано од едно лице.

Според пријавеното, при обид да избега со возилото, Е.Д.  удрил во товарно возило „цитроен“, а потоа тој и неговиот другар избегале од возилото, а А.Д. бил нападнат со тврд предмет од возачот на другото возило.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.