Загадувањето во Скопје ги спушти цените на сместувањето во Охрид

Во текот на празниците како и за периодот што следува жителите на Скопје ќе може да престојуваат во некои од хотелите во Охрид по намалени цени.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, рече дека на овој начин градот сака да покаже гостопримливост и хуманост. Локалната власт веќе е во преговори со угостителите за оваа идеја.

„Ќе има намалување на цените за жителите на градовите коишто имаат висока загаденост. Сите гости од тие градови да можат да дојдат во Охрид по намалени цени и на таков начин Охрид да покаже една гостопримливост која што секако ја имаме како град, меѓутоа во овој случај ова би имало и хуманитарен апсект“, рече Стојаноски, без да прецизира за кои градови точно станува збор.