
Нови девет милиони евра за нови капитални инвестиции во скопски Бутел. Општината ќе добие нова Поликлиника, нов Дом на култура, нов мега плоштад, нов базен - предвидени се 39 нови капитални проекти, а ќе бидат вложени над 9 милиони евра - средства кои се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија.
Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски упати благодарност до Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за оваа значајна и директна поддршка за општината.
- Наскоро ќе започнеме со проекти кои во целост ќе го променат ликот на општина Бутел. Проекти кои се од голема важност и долго очекувани од граѓаните на општина Бутел, најави Костовски и ги сподели планираните проекти:
За прв пат општина Бутел ќе добие Дом на култура со голем плоштад.
Два нови мостови на река Серава
Нов затворен базен во дворот на ООУ “Ацо Шопов”
Три нови спортско-рекреативни центри
Реконструкција на фасадите на ООУ “Св. Климент Охридски” и ООУ “Петар Здравковски Пенко”
Реконструкција и изградба на сите пристапни патеки во Скопје-Север
Изградба на водовод за Љуботен и Љубанци.
Реконструкција на големите паркинзи во населено место Скопје-Север
Реконструкција на голем број улици меѓу кои некои од најзначајните сообраќајници: ул. Боро Кралевски ( 3 влез ),ул. Боро Менков, ул. Костурска, ул. Александар Грличков, ул. Ангел Мојсовски, ул. Љубинка Босотова, ул. Захир Џафери со краци крак на ул. 18, крак на ул. 1, ул. 3 с.Љуботен, ул. 1 с.Љуботен, ул. Бутелска, ул. Бутелска 2, краци на ул.10 ул. 1, ул. Африм Житиа ул. 15 ул. 44ул.46 краци на ул. Бетовенова ул. 56, потпорен ѕид на ул. 48 и ул. 50...
- Рамномерен развој на нашата општина. Инвестираме во сите населени место. Заедно ја градиме иднината на нашите деца. Инвестираме во модерна општина Бутел! - порача првиот човек на општината.