Задолжителен воен рок за младите - Потребен ли е во Македонија?

Поделени мислењата за служењето задолжителен воен рок.

Откако минатата недела од Министерството за одбрана сооштија дека нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, темава повторно се актуелизираше.

Одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата, порачаа минатата недела од ресорното министерство.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи бараат да се врати задолжителниот воен рок како во минатото, но има и такви кои сметаат дека тоа ќе биде дополнително оптоварување на државниот буџет.

- Редовно служење на воен рок, бара многу повеќе пари. Треба да се обезбедат ресурси, згради, услови, храна, вели еден граѓанин. 

-Апсолутно да, потребно е враќање на задолжителниот воен рок, меѓутоа доволно е само 90 дена, односно 45 обука до заклетва и 45 дена примена и пракса. Се друго е само губење време, непотребен трошок и броење цифра, смета друг. 

-95% незнаат кревет да наместат и облека да скоцкаат. Војска обавезно по завршување на средно училиште. И машко и женско. Да се стекнат обавезно секој дневни навики, гласи еден коментар на социјалните мрежи. 

-Не е мал интересот за доброволно служење во Армијата.

Доброволното служење на воен рок во Армијата се врши во три упатни рокови: февруари, јуни и октомври, во една календарска година, во времетраење од 3 месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.