Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен

 

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен, наспроти сите притисоци и разочарувања, среќен наспроти сите падови и порази. Тоа може само ако верува дека животот може да биде добар без оглед на искуствата во него, затоа што има причина поради која се нашле на нашиот пат.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука самиот да ја пишува својата животна приказна, не дозволувајќи им на другите да му зборуваат што треба да прави и во што треба да верува.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да усреќи некој друг знаејќи дека во среќата на другиот ќе ја пронајде и својата среќа.

Зад него стои и одлуката да не се занимава со туѓиот живот, гледајќи кој што направил, зошто направил, туку ужива во својот живот.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да верува дека доброто доаѓа дури и кога околу него има милион проблеми, односно дека треба да биде доволно трпелив и да не се откаже.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука каков ќе му биде секој нов ден, затоа што денот не зависи од околностите и луѓето кои се наоѓаат на нашиот пат, туку само од нас и од она што планираме да го направите тој ден.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука никогаш да не престане да се забавува, сфаќајќи го животот како игра, а не како борба, сфаќајќи го животот како можност да се сакаме едни со други, а не да се споредуваме меѓу себе.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да престане да им објаснува на другите кој е во право, а кој не, и зошто го прави она што го прави, туку на другите да им даде до знаење да ги прифатат работите онакви какви што се. 

На крајот, зад секој среќен човек стои неговата одлука да направи нешто што другите рекле дека е невозможно, токму за да им докаже дека во неговата глава и уверувања нема граници.

Само така може среќно и исполнето да го живее својот живот.

~ Марио Жувела