
Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски преку објава на својот фејсбук профил сподели дека пожарите се изгаснати, и дека ќе се следи состојбата ви текот на претстојната ноќ.
- Зад нас е исклучително тежок ден, ден во кој се покажа заедништво и посветеност на жителите на Ѓорче кон заедницата. Се вклучија многу мештани од ул. Црногорска, Стопански Двор, Ново Село, Волково, Кучково, сите локации на кои имавме пожари. Благодарност голема до АРМ, МВР, ПТТБ СКОПЈЕ, ДЗС, кои со сиот свој капацитет се ставија на располагање и делуваа исклучително брзо на цела територија на општината, сподели Стојкоски.
Пожарите се изгаснати, вечерва ќе се следи состојбата и доколку е потребно ќе се делува со сите расположливи средства, нагласи првиот човек на општината.
Претходно беше активиран кризниот штаб на општина Ѓорче Петров