Забрзано се градат живеалиштата за пингвини и фламинга во Зоо Скопје

Од скопската зоолошка градина информираат дека забрзано се работи на изградбата на живеалиштата за пингвини и фламинга во Зоо Скопје.

Како што додаваат оттаму, финансиите за новите живеалишта се обезбедени од градот Скопје, а градината за првпат ќе стане дом на овие егзотични птици.