Беквалац, Ацо Пејовиќ, Реља во јули на „Мандра Фестивал“ во Дојран

Звучни музички имиња се очекува да настапат на годинешниот „Мандра Фестивал“ во Дојран планиран за средината на јули.

-Идејата на фестивалот e да ги обедини сите генерации на еден фестивал и да го понуди на публиката најдоброто од Балканската музичка сцена, велат организаторите. 

Оваа година на „Мандра Фестивал“ се очекуваат: Ацо Пејовиќ, Јоце Панов, Наташа Беквалац, Рибља Чорба, ТАСКО, Црвена Јабука, THCF, Тони Зен, Ивона Јо, Реља, Антониа Гиговска и Владо Јаневски.

Како водител на настанот повторно ќе го видиме позитивниот и забавниот Мирослав Кацаров.