За викендот умерено облачно со повремен дожд

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, еден литар на единица површина.

УХМР најавува дека попладнево во планинските подрачја се можни услови за краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.

За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните, а во недела во планинските подрачја. Во западните делови во недела ќе дува засилен западен ветер.

Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер.

Максималните температури идната недела ќе бидат до 34 степени, во вторник и во среда.