За утре најавено силно невреме, ќе има вистинско заладување

Утре (13.09) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.

Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачуваат од УХРМ.