За утре најавени два прекини во водоснабдувањето во општина Карпош

ЈП Водовод и Канализација информира дека поради промена на вентил и дефект се најавени два прекини во водоснабдувањето во општина Карпош.

- Поради промена на вентил од ф 2“ на ул. Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Никола Парапунов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  10:00 часот  до завршување на работните активности.

- Поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на ул.Копенхагенска бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Копенхагенска,Бриселска,ГаврилЛесновски,Стокхолмска,Његошева, Петар Драганов и дел од Софиска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  11:00 часот  до завршување на работните активности.