За три години платите на наставниците се зголемени за над 21%, вели министерот за образование

-Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог. Така ќе биде и овој пат. Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, вели во интервју за МИА министерот за образование и наука Јетон Шаќири. 

 Тој потеницра дека наставниците се најважна алка во воспитно-образовниот процес и, како што вели, постојано работат за зајакнување на таа алка, за подигнување на мотивацијата за работа, за подобри услови за работење и слично.

-Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Јас ќе потсетам дека за три години платите на наставниците се зголемени за над 21 процент, или во апсолутен износ од 4.000 денари за наставник со 10 години стаж. Воведовме можности за кариерен напредок во звања ментор и советник, воведовме можности за професионален развој преку континуирани обуки што ги спроведува Бирото за развој на образованието. Ги подобруваме инфраструктурните услови и условите за работа внатре во училниците, појаснува тој. 

-Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, нагласува Шаќири во интервјуто.