За ситуациите во кои добиваме и губиме животна сила...

Познатиот психолог Михаил Лабковски опишал 29 ситуации во кои или губиме или добиваме животна сила:

Животната сила ја губиме кога:

  • Кажуваме „Да“, а сакаме да кажеме „Не“

  • Се смееме на глас, а всушност ни се плаче

  • Не се одмараме

  • Се тераме себеси да трпиме уште малку, наместо да се запрашаме: „Зошто го толерирам ова?“

  • Не си ја гледаме својата работа

  • Некој не ни е интересен, но од некои чудни причини продолжуваме да комуницираме

  • Озборуваме

  • Опкружени сме со луѓе кои цело време имаат негативен поглед на работите

  • Постојано зборуваме за политика, сметки, гужви и слично.

  • Често и со многу чувства зборуваме за тоа како живеат другите.

  • Не си ја сакаме работата

  • Се плашиме

  • Чекаме да дојде некој и да ни го промени животот.

  • Се критикуваме постојано себеси, сметајќи се за безвредни, неспособни, несреќни.

Животна сила добиваме кога:

  • Запознаваме нови луѓе

  • Стекнуваме нови знаења.

  • Ги надминуваме своите стравови. 

  • Пробуваме нешто ново.

  • Кога одиме во прошетка.

  • Кога создаваме нешто.

  • Кога се дружиме со пријатни луѓе.

  • Опкружени сме со луѓе кои нѐ поддржуваат и веруваат во нас.

  • Се грижиме за своето тело.

  • Го расчистуваме физичкиот простор.

  • Го расчистуваме емоционалниот простор.

  • Кога почнуваме да го правиме она што го сакаме.

  • Кажуваме „Не“ кога сакаме да кажеме „Не“ и кажуваме „Да“ кога сакаме да кажеме „ Да“