Прилогот од фета сирење, краставици, ореви, мајонез и павлака сигурно ќе ја надополни вашата трпеза во сите прилики! А вкусот е фантастичен!
СОСТОЈКИ:
2 средни краставици
1 кисела павлака
2 чешниња лук
100 гр мајонез
250 гр фета сирење
50 гр мелени ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Фета сирењето издробете го, додајте мајонез, павлака, ситно сечкан лук и мелени ореви.
Сè добро измешајте за смесата да се изедначи.
Краставиците излупете ги, но можете да оставите и малку зелен дел да бидат декоративни. Измешајте ги со мешавината од сирење и останати состојки.
Салатата најдобро е да отстои неколку часа, за краставиците да пуштат арома и сите состојки добро да се поврзат.