За сите оние кои минуваат низ тежок период – имајте верба, можете да ги надминете сите проблеми

Потребно е време да се надминат тешките времиња. Тоа бара посветеност, волја, но и многу многу трпение. Некогаш немате енергија,а сакате само да се разбудите едно утро и веќе да ги нема проблемите и тоа чувство што ве измачува.

Потребно е големо трпение.

Тоа што денес е тешко не значи дека така ќе биде и утре. Верувајте во тоа.

Тоа значи да се биде добар кон себеси, да се прифати поддршката од другите луѓе и да се најде смисла (колку и да е таа мала) во работите кои ве прават среќни или пак некогаш ве правеле среќни.

Еден ден ќе се разбудите со поинакво чувство.

Вашето заразно смеење ќе се врати, ќе се врати и вашата нежна насмевка. Огнот во вашиот живот повторно ќе биде дел од вашиот живот, а и искрата во вашите очи. Сомнежот во животот и во неговата убавина ќе биде заменет со јасност и болката во срцето ќе биде заменета со мир.

Не постои поголема храброст од тоа. Не постои поголема храброст од тоа да се издржат тешките времиња. Можеби денес не верувате во тоа, но тој ден ќе дојде.

Што и да сте поминале, чувајте го тоа како лекција и верувајте во себе и во својата иднина.