За сите кои кренале ѕидови околу срцето за да не им биде повторно скршено...

Вистината е дека сакате да бидете сакани и повторно сакате да љубите. Вистина е дека за тоа размислувате многу повеќе отколку што признавате. Вистина е дека сте осамени и дека имате чувство дека нешто ви недостасува. Вистина е дека размислувате за луѓето кои претходно сте ги сакале и можеби ви недостасуваат, но не сакате да го знаат тоа, затоа што нема смисла. Тие ве повредиле.

Вистината е дека не се плашите од љубов, туку од скршено срце. Не се плашите први да пратите порака или да се јавите, се плашите дека нема да ви одговорат. Не се плашите да им кажете дека ви недостасуваат, се плашите дека тие не се грижат за тоа.

Не се плашите да се заљубите, туку се плашите дека на љубовта ќе и дојде крај, се плашите дека височините водат кон пад. Се плашите од тоа што ќе се случи по падот, особено ако вие сте оние кои ќе паднат.

Вистината е дека многу размислувате за љубвта, се прашувате што тргнало наопаку, размислувате за своите избори и се прашувате зошто секогаш се завршува уште пред да почне и дали е тоа ваша вина.

Се плашите дека самите на себе ќе си го скршите срцето, затоа што мислите дека само себеси можете да се обвинувате за тоа. Вие сте тие кои сте го дале срцето, а некои луѓе го скршиле. Вие сте тие кои сакале некои луѓе кои не можеле да ви ја возвратат љубовта.

Велите дека сте преболеле, дека имате поважни работи во животот, дека го чекате вистинскиот, затоа што секогаш паѓате на погрешни. Но, кога цел живот паѓате на погрешни, нема да можете да ги препознаете вистинските.

Секогаш ќе се прашувате дали тоа е уште една игра или лага, дали преку вас се обидува да заборави некои други и кога ќе пронајде друга личност. Затоа и ги саботирате сите врски, затоа што се плашите повторно да сакате. Не се плашите од љубовта, туку од скршеното срце. Не сакате да бидете сами и не сакате да бидете со погрешни.

Иронијата е во тоа што љубовта ви го крши срцето и кога сте сами.

Осаменоста ви го крши срцето, минатото ти го крши срцето, спомените и чувствата ви го кршат срцето. Не можете да побегнете од скршеното срце, дури и кога се обидувате да го избегнете тоа.

И затоа слободно заљубете се во луѓе поради кои ќе се чувствувате добро. Еден ден врската нема да заврши и повеќе нема да се плашите. Со тие личности ќе се чувствувате најсигурно на свет. Ќе се чувствувате како дома.

air max 90 essential sale