За шест дена ќе почне новогодишното украсување на Скопје

За шест дена ќе започне празничното украсување на Скопје.

По повикот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за празничниот лик на главниот град ќе се погрижи општествено одговорна компанија кои бесплатно ќе го реализира украсувањето.

„Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот“, изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа со која спогодбено беше раскинат договорот склучен од претходнит градоначалник Петре Шилегов, а кој чинеше 240.000 евра. 

Скопје традиционално секоја година блеснува во новогодишен сјај. Градскиот плоштад е место каде секој декември пулсира убавата бајка, а родителите и бабите и дедовците брзаат да ги однесат најмалите да се порадуваат. Во центарот на Скопје предновогодишно доаѓаат и од други градови кои ја користат приликата да уживаат во амбиентот и музичката програма. 

Каков ќе биде амбиентот во Скопје овој декември, во пресретн на пранзиците, останува да видиме за неколку дена.