За секоја нова мајка: Драга уморна мајко, знам дека даваш сè од себе...

Драга уморна мајко,

Знам дека си исцрпена. Во својата родителска улога си веќе две недели или два месеци или две години или повеќе и понекогаш изгледа како да не стигнуваш да направиш сè. Знам дека некогаш имаш чувство како да си на врвот на светот, горда на сè што си успеала да постигнеш и како жена и како мајка, силна како карпа. И знам колку малку е потребно за да се промени таа перспектива. 

Знам дека даваш сè од себе во секоја секунда од секој ден и дека не можеш повеќе од тоа. Знам дека си уморна. Знам дека копнееш за деновите кога ќе можеш навечер да се срушиш во креветот и да се одмориш на мир. Знам дека копнееш за непрекинат сон барем два или четири часа во текот на ноќта. 

Без оглед на тоа колку одамна било тоа, знам дека можеби за време на бременоста си чувствувала како да не си во својата кожа и дека при крајот едвај си чекала да се породиш за сè да се врати во нормала. Сепак, знам дека ништо не се вратило на она што било порано. Веројатно си ги гледала своите стари фотографии на кои си била помлада и поодморена и не можеш да се препознаеш. Сигурно сега не си даваш доволно заслуги за тоа што си станала преубава и неверојатна жена. 

Знам колку е потребен физички труд за да се биде мајка. Знам дека во прегратката го носиш бебето додека миеш заби, се чешлаш или се обидуваш да ги пронајдеш своите клучеви од кола. Знам дека за тебе се држи едно мало човече додека се обидуваш да разговараш, додека се подготвуваш за спиење или додека се обидуваш да вечераш. 

Знам дека се чувствуваш како предолго да се жртвуваш. Знам дека се обидуваш да се собереш и да одржуваш делови од својата стара личност и старата ти, но и дека тие делови одново и одново ти се менуваат. Знам дека тоа е како некој од тебе да бара да се откажеш од досегашниот идентитет и да го замениш со целосно нов. 

Знам дека не се чувствуваш секогаш вака. Но знам и дека би требало да издржиш.

Сè што правиш го правиш одлично и не си сама во тоа.

~ Кендејс Алнаји

jordan release date | Air Jordan