За Раковите околу нас – романтичните и чувствителни личности со силна интуиција

Раковите се луѓето родени во периодот меѓу 22 јуни и 22 јули. 

Нивниот владетел е Месечината, па така тие се чувствителни, романтични и интуитивни. Тоа им помага лесно да ги проценат луѓето, но некогаш ги доведува во ситуации кога силно се повредени од туѓите дела или зборови. Го почитуваат домот, семејството и своите блиски, трудејќи се секогаш да им е добро на нивните сакани.

Раковите се вредни и упорни кога нешто ќе си постават како цел. Тие не се материјалисти, но добро ја познаваат вредноста на материјалните добра и свесни се за тоа. Штедливи се и не сакаат несигурна иднина. Дури штом ќе се осигураат дека работите се добри, тогаш се опуштаат, а кога се опуштени се романтични креативци кои уживаат во животот на најдобар можен начин.

Иако имаат силна уметничка душа, многу од Раковите избираат рационални професии во кои можат да се грижат за другите. Што и да прават, тие се добри и љубезни кон другите, а особено нежни кон оние луѓе кои им се драги. 

Какви се во љубовта?

Во љубовта, Раковите се најчувствителниот знак. Тие се романтични и чувствуваат силно, но не сакаат да зборуваат за своите чувства. Не сакаат директно наметнување и игри, туку уживаат во сладок флерт, убави зборови, пораки за добро утро. Знаат да бидат пребирливи, но ретко се сами. 

Кога сакаат, нивните чувства се посилни од разумот. Сакаат тивко и длабоко, а ако ги повредите стануваат ранливи и се повлекуваат. Нивното расположение се менува често, а многу зависи и од положбата на Месечината. Имаат силна способност да сакаат, а ценат луѓе кои имаат силно чувство за домот и традиционални вредности. Највеќе си одговараат со Шкорпиите, Рибите и Јарците, а најмалку се сложуваат со Овните и Вагите. 

Какви се како пријатели?

Во пријателствата, тие влегуваат полека, но со неверојатна длабочина. Не се опуштаат веднаш и не споделуваат работи за себе додека не си потврдат дека можат да ви веруваат. Некогаш можат да бидат роб на своите предрасуди и да делуваат како да им судат на другите, но штом подобро ја разберат големата слика, тие се неверојатно добри и лојални пријатели. Тие немаат и не сакаат премногу луѓе покрај себе, туку само оние кои ги сметаат за блиски, на кои можат да се потпрат и со кои делат слични вредности.