За првпат откако е изградена: Целосно реконструирана улицата „101“ во Волково

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, биле во Волково, каде го означиле почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје, посочувајчи дека станува збор за улицата „101“ која е реконструирана за првпат откако е изградена.

Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка.

По улицата „101“, Ѓорѓиевски најави дека следуваат и улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и многу други капитални проекти кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје.