
Општина Ѓорче Петров континуирано работи на подобрување на сообраќајната безбедност во Ѓорче Петров.
- Во рамки на тековните активности, на вкупно 11 улици, во урбаниот и руралниот дел од општината, поставивме нова сообраќајна сигнализација, со јасна цел: поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, особено за децата и пешаците.
Секој елемент е поставен со причина:
• За да возиме побавно – легнати полицајци
• За да внимаваме – сообраќајни знаци
• За да видиме подобро – сферни огледала на небезбедни кривини, порачаа од локалната самоуправа.
Како што нагласија, продолжуваат со вакви интервенции на сите критични точки.