За Пановски „Фајзер“ е на прво место, а потоа „Спутник“, според резултатите што ги даваат по првата доза

Професорот д-р Никола Пановски се вакцинирал со „Фајзер“ и смета дека оваа вакцина дава одлични резултати уште по првата доза, а на второ место на ранг-листата, според него е руската „Спутник“.

Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100, изјави проф. д-р Пановски, микробиолог во Студио 10 на ТВ24.

Според Пановски, ако издржат болниците со вакви мерки, тие се доволни за да се спаси економијата.

Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана. Нема доказ да се поврзе тромбозата со таа вакцина. Треба да се види дали е коинциденција, рече д-р Пановски.