За оние кои периодов не работеа на себе...

Како си? 

Ве прашувам сите, особено оние кои овие денови не стигнаа да работат на себе, кои не открија што е она што ги опушта и што не го искористија ова време за да станат подобри луѓе. 

Секогаш ми било тоа интересно: Што значи тоа да станеш подобар човек? Подобар од кого? И кој го мери тоа? 

Гледам како повторно сте растрчани на сите страни. Да им покажете на луѓето колку многу можете да направите и да поднесете. 

Браво, браво. Само напред.

Слушам како велите дека сѐ поплитко дишете. 

Не плачете затоа што не сакате, туку затоа што немате време. 

Има една болна вистина: Не можете да бидете најдобри во сѐ што сте замислиле. Одберете едно, што и да е – и држете се до него. 

Бидете добри во останатите работи. 

Онолку колку што ќе ви остане време и сила. Блескајте во таа една работа, затоа што тоа ви е потребно. Во останатите држете си одредено добро ниво и тоа е сосема океј. Просекот е одмор. 

Седнете малку, да позборуваме. 

Вие веќе сте победиле. Победивте тогаш кога стигнавте прва некаде, а сите останати се забавуваа, одморија, па продолжија. Победивте и тогаш кога останавте на нозе. Дури и тогаш кога паднавте и психички се распаднавте. И тогаш победивте. 

Како не сфаќате дека повеќе не ве задоволува кога некој друг ве фали, кога секогаш нешто не ви е по мерка. Како не сфативте, дека вие самите себеси не си давате признанија, затоа што вие никако не сметате дека сте најдобри. 

Како сте? Вам ви е најтешко, зарем не?

Да, точно е. Но најтешко ви е сами со себе. Не со другите.