За оние кои даваат сè, а не добиваат ништо за возврат

Едно од најлошите чувства на светот е да бидеме тука, да сакаме и да даваме сè за некој кој не е подготвен да го направи истото за нас. Тоа се случува во љубовните врски, но често и во пријателствата, па дури и семејните односи.

Се чувствуваме тажно, беспомошно и исплашено. Како ништо да не е во наша контрола и колку и да се трудиме да биде добро, чувството е како да газиме на тенок мраз. За да биде уште полошо, ништо не е доволно за таа личност и на крајот ја губиме. 

Треба да знаете дека животот е прекраток за да го трошите на деструктивни односи. Животот е преубав и носи многу убави можности ако дозволите да се отргнете од сето тоа и и дадете шанса на друга личност да ве сака и цени онака како што вредите да бидете сакани. Зошто би останале со некој кој ја користи вашата љубов, поддршка и жртвата која ја правите?

Ако треба да изберете личност која треба засекогаш да остане во вашиот живот, зарем би сакале засекогаш да бидете во таков однос во кој постојано давате и давате, а не добивате ништо за возврат?

Можеби не ви е јасно во овој момент, но тоа што таа личност нема да биде повеќе во вашиот живот значи дека сте избегнале куршум.

Не заглавувајте во романтизирање на нешто што било или би можело да биде. Не е воопшто романтично да се посветите и вложите себеси на некој кој си игра со вас. Не е романтично некој да ви нанесува болка и некој да се однесува како да не разбира колку ви значи.

Учиме и растеме со секоја врска и секое пријателство и учиме од секоја грешка. Ваквите луѓе се само лекција што е тоа што не ни е потребно во животот. Заминете си, можеби ќе боли, можеби ќе биде тешко, но нема да биде крај на светот.

Не се фокусирајте на болката, не мислете дека сте изгубиле некој важен, бидејќи ако заслужувате многу повеќе од тоа.

Вие ја заслужувате најдобрата личност на светот, а ако некој се однесува со вас така, тогаш тоа не е таа личност.