
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Огласот беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.
Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на РКЕ.
Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.