За Макрадули сите министерства придонесуваат во намалување на аерозагадувањето!

Секое министерство коордирано настапува во своите активности околу аерозагадувањето, по налог и задача од премиерот Зоран Заев, одговори заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на новинарско прашање во врска со заклучокот од понеделничката седница на Советот за безбедност дека надлежните институции дејствуваат некоординирано во врска со аерозагадувањето.

– Не добив таков впечаток од средба. Мислам дека сите министерства со своите активности придонесуваат за намалување на аерозагадувањето. По иницијатива на премиерот Заев издвоени се и програмите во рамките не секое министерство што ги прави и сведоци сме дека секое министерство си има свој дел на акивности. МВР менува затоплување во три полициски станици, Министерството за одбрана идната година ќе го промени затоплувањето во една касарна, Министерството за економија субвенционира енергетска ефикасност и набавка на соларни панели, Министерството за транспорт и врски инвестира околу 30 милиони евра во гасификацијата, Министерството за образование ни помага исто така околу енергетската ефикасност – рече Макрадули при посетата во ООУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.

Макрадули и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир ги презентираа двата проекта кои се дел од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 во општина Бутел. Во ООУ ,,Живко Брајковски”  уредена е дворната површина со засадување на плодородни дрва и дрва со брзорастечки карактеристики како и зелен ѕид за да се создаде поголема зелена маса.