За мајка ми која ме воспита на правилниот начин...

Драга мамо,

Тешко е да ги пронајдам зборовите за да ти објаснам колку многу ти должам за се што имаш направено за мене и за сите жртви кои ги имаш направено поради мене. Мислам дека ти си најпрекрасната, најнесебичната, најсовршената личност на овој свет и навистина посакувам да можеш да се видиш себеси преку моите очи.

Знам дека не бев наједноставно дете и тинејџерка и знам дека понекогаш те повредував. Бев откачена и тврдоглава и правев се што можев за да ги поместам твоите граници, но ти секогаш имаше трпение.

Ти ме засака уште кога докторот ти кажа дека си бремена и твојата љубов секогаш ќе ја чувствувам во моето срце. Но, сакам да ти кажам колку сум благодарна за таа љубов и за сета помош и поддршка која ми ја даваш.

Ако ти не беше моја мајка, знам дека работите ќе беа поинакви. Немаше да се трудам толку и немаше да знам како безусловно да сакам, без оглед на мааните. Поради тебе јас сум тоа што сум денес и за тоа сум неизмерно благодарна.

За мене, ти си најдобрата личност на планетава. Да, не се согласуваме секогаш и има работи кои би сакала да не ти ги кажев, но јас најискрено те обожавам. Ти знаеш како да ми го разбистриш денот кога имам чувство дека се околу мене се распаѓа и знаеш да ме потсетиш колку сум силна.

Врската која ја имам со тебе никогаш нема да се промени и се надевам дека сфаќаш дека ти секогаш беше совршена за мене дури и кога ти мислеше дека не си совршена. Ти ме направи најпрекрасната личност која можам да бидам и твојата љубов секогаш ме туркаше кон остварување на моите соништа.

Поддршката којашто ми ја даваше за се во животот само ми покажа колку е безусловна љубовта на мајката. Ти ме подготви за животот и беше одлична во тоа.

Фала ти што беше мајката која секогаш ми беше потребна и која секогаш ме потсетуваше на тоа колку сум сакана. Знам дека еден ден ќе морам сама да одам по оваа земја и тоа ми го крши срцето. Но, ти секогаш ќе бидеш со мене. Ќе направам се за да се гордееш со мене.

Те сакам премногу и можеби ми требаше време за да се откријам себеси, но благословена сум што имам мајка како тебе. Фала ти што никогаш не се откажа од мене и секогаш ме поддржуваш. Се надевам дека еден ден ќе бидам барем малку мајка каква што беше ти! Те сакам!

Твојата ќерка