За луѓето кои се грижат премногу

Нештата не одат секогаш како што тоа го имаме замислено. Вие го знаете тоа. Всушност, губевте многу можеби и премногу во животот, но сè уште сакате, бидејќи тоа сте вие. Се грижите. Се грижите премногу. За луѓето, нештата и за оние кои сте ги сакале, за сите врски во кои сте биле и сите луѓе на кои им дадовте место во вашиот живот.

Во ред е да бидете такви. 

Имате многу чувства, големо срце. Вие сте премногу. И во ред е да бидете премногу.

Во ред е да го „истурите“ своето срце во сите аспекти на живеењето, во ред е продолжите да верувате. Всушност, морате да продолжите да верувате – во животот, во љубовта, а највеќе во себе. Во ред е да им простите на оние кои ве повредиле. Бидејќи простувањето не им помага ним, туку вас -  ве ослободува.

Не сте слаби ако се грижите премногу. Не, не се повредувајте себеси во таквиот процес. Не дозволувајте да се убедите себеси дека сте слаби, само заради тоа што не добивате ништо за возврат од другите. Вие сте силни. Посилни од нив. Посилни од многумина.

Затоа, немојте да престанувате да се грижите и да сакате со тоа ваше големо срце. Бидејќи таквото срце е реткост, и вие сте реткост.