За личноста која бескрајно ми недостига...

Причината поради којашто толку боли твоето отсуство е тоа што нашите души се поврзани. Уште од првиот ден кога те запознав, имав чувство коешто се појавува само еднаш или два пати во животот. Тоа е кога запознаваш некого и сите твои внатрешни конфликти се смируваат. Си гледате во очите  и знаете дека се разбирате. Животот одеднаш има смисла и целиот универзум е полн со бои.

Се што знам е дека ми недостигаш. Знам дека си имавме проблеми: Нашите караници ескалираа брзо, а двајцата бевме претврдоглави за да попуштиме. Започнувавме оган во нашите души, во нас имавме огномет, кој се разбира дека не изгоре на крај.

Бевме различни. Го знам тоа. Го знам подобро од кого било. Но, се што остана во мене е сликата од тебе како цврсто ме гушкаш и чувството кое го имав кога ќе ме погледнеше со целосна воодушевеност секогаш кога ќе те бакнев. Тоа чувство. Тоа чувство никогаш нема да ме напушти.

Продолжив да ги барам деловите од мене кои недостигаат... И кога не можев да ги најдам, се обидував да ги пополнам. Но, сфатив дека колку и да се трудам, тие делови не можат да се пронајдат или пополнат. Јас ти ги подарив на тебе.

И јас се уште ги имам сите твои делови, сите делови кои ти ми ги дад на мене со текот на времето. Ми дозволи да влезам во твојата душа. Ѕидот околку твоето срце кое со години си го градел едноставно се сруши. Тој дел од тебе кој никому го немаше покажано. Го ценев. Го сакав. И засекогаш ќе го чувам.

Ако некогаш повторно ни се даде втора шанса, нема да ја упропастиме. Ќе бидеме подготвени за неа. Знам дека и двајцата ќе продолжиме да се менуваме еден без друг. Знам дека се уште имаме да учиме и да искусуваме и дека и двајцата ќе се развиваме и ќе еволуираме во нови луѓе кои ќе направат нашите помлади верзии да се гордеат со тоа што сме станале.

Но, што и да се случи, колку време и да помине, нареден пат кога ќе те видам, знам дека целиот мој универзум ќе се врати назад во својот фокус, мојата душа ќе оживее и јас ќе бидам дома повторно.

Затоа што не знам како да престанам да те сакам. Тоа никогаш нема да се промени.

Никогаш не требаше да те пуштам да си заминеш. Можеби ти беше погрешната личност. Но, ти беше вистинската личност за мене. Ти беше погрешен за мене на вистинскиот начин. Моите остри рабови совршено одеа со твоите празнини. Нашите несовршености се заљубија.

Го паметам денот кога лежев на твоите гради, нашите раце испреплетени едни со други. Тоа беше најпрекрасното чувство коешто го имав во животот. По подолг момент, те пуштив. Не требаше.