За итни ситуации отводена Covid-амбуланта на Стоматолошкиот клинички центар

Ве известуваме дека започнавме со работа во специјализираната– ИЗОЛИРАНА Covid амбуланта која функционира според стручно изготвен протокол за работа согласно препораките од СЗО.
Амбулантата се наоѓа на левата страна од главниот влез на Стоматолошкиот клинички центар (од страната на влезот на деканатот на Стоматолошки факултет).

Прием на пациенти позитивни на COVID-19 ќе се врши исклучиво со закажување на телефонскиот број 078 380 529 (по претходна препорака на матичен лекар).
Пациентот треба да носи со себе уредна документација за утврдена дијагноза како и заштитна опрема (маска и ракавици).

Во амбулантата ќе се вршат само интервенции кои ќе се проценат за итни:
• крварење кое не престанува спонтано
• јака болка од заб која не се смирува со аналгетици
• оток и воспаление во пределот на усната празнина
• трауматски повреди на забите.
Работното време во Ковид – амбулантата е од понеделник до петок (од 08:00 – 15:00 часот).