Тоше Тодоровски, полициски службеник од ОВР Пробиштип, е еден од трагично загинатите во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој го загуби животот извршувајќи ја својата службена должност, обидувајќи се да помогне и да спаси човечки животи.
Тоше беше самохран родител и зад себе остави две малолетни деца. Во овие тешки моменти, неговото семејство има потреба од поддршка. Гранскиот независен синдикат на полицијата упати јавен апел за солидарност и помош, како финансиска поддршка, но и како силна порака дека неговите колеги и целото општество стојат зад неговото семејство.
„Нашата професија бара огромна храброст и посветеност, а секојдневно се изложуваме на ризици кои понекогаш се непредвидливи и со трагични последици. Огромна е важноста на нашето заедништво и солидарност во вакви моменти“, се наведува во повикот од синдикатот.
Сите граѓани кои сакаат да помогнат можат да уплатат средства на трансакциската сметка на таткото на Тоше:
Винко Наков
210-501560263576 – НЛБ Банка