За една недела казнети 132 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП „Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела казнија 132 возачи за непрописно паркирање.

„Во периодот од 25 до 31 мај, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 65 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство блокатор санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ЈП ПОЦ.