За еден ден над 200 сообраќајни санкции во главниот град

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Сектор за односи со јавност и протокол, потестуваат од МВР.