За еден ден казнети 371 возач, од нив 120 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 371 казни.

Според информациите од МВР, без возачка дозвола возеле 16 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 120 лица, за нерегистрирани и технички неисправни возила 18, регистрирани се 32 казни за мотоциклисти, 128 возила биле подигнати со пајак, а изречени се и 31 казна за неносење на заштитна маска. МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. И апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.