За дрога вчера се апсеше во Аеродром и Чаир

Полициските службеници вчера уапсиле две лица на различни локации низ Скопје поради дрога.

Најпрво во 14.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 22.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.