За четири часа казнети 243 возачи на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 14 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на цела држава, при што изречени се 243 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, информираа денеска од МВР,  санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.