За чесноста и добрината највеќе зборуваат оние кои ја немаат

Ова е моќна поучна приказна за добрината и чесноста.

Многу одамна, постоел еден селанец кој продавал маст во пекарата во чија близина живеел. Еден ден, пекарот се посомневал во него и одлучил да ја измери маста, за да види дали селанецот носи колку што треба од неа.

Имал и што да види, имало многу помалку маст одошто требало. Пекарот се разбеснел и одлучил да го тужи селанецот кај селскиот судија.

Судијата го прашал селанецот дали користи вага за мерење. Тој одговорил:

Почитуван судија, јас сум обичен селанец. Не користам модерна вага, но имам едноставен кантар.

Судијата потоа го прашал да објасни тогаш како го мери мастот. Тој одговорил:

Почитуван судија, пред да почне пекарот да купува маст од мене, јас купував леб од него. Секој ден кога пекарот ќе донесе леб, јас го ставам на кантарот и му мерам исто толку масло на другата страна. Ако некој е виновен, тогаш тоа е пекарот.

Поука: Се во животот ни се враќа со иста мера. На некои луѓе, нечесноста им е дел од нивните навики, така што веќе и тие не знаат што е вистината. Но, кого лажат тие? Само самите себеси.