За брзо возење 141 казна на територијата на цела држава

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач.

Како што информира МВР, од нив три возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.