За бабите и дедовците – најтоплите луѓе во нашиот живот

Бабите и дедовците играат огромна улога во развојот на нашата личност, нашето растење и созревање, и во тоа како гледаме на светот и што чувствуваме. Децата кои во текот на своето детство се блиски со своите баби  и дедови, имаат поздрави односи со возрасните и знаат што е почит.

Ова се само некои од предностите од имањето баба и дедо.

Некои луѓе велат дека љубовта кон внучињата е дури и поголема од онаа кон своите деца. Тоа е како втора шанса да се биде родител. Постои нешто магично во таквата поврзаност.

Низ односот со бабите и дедовците, децата учат многу за љубовта, почитување и авторитетите. Освен тоа, тие учат за животот и минатото на  своето семејство. Бабите и дедовците се и најголемата поддршка за исполнување на сонот на една личност и најсилна потпора во тешките денови од животот. Тие никогаш не нѐ напуштаат.

Ако се живи вашите баба и дедо, јавете им се. Покажете колку се важни за вас. Ако пак, тие не се веќе меѓу живите, сетете се на спомените со нив. Насмевнете се.