„X“ досетливи за „Валентајн“: Стигнаа парите од ДДВ, таман за подарок за љубената...

И годинава покрената широка дебата во јавноста за тоа што треба да слават Македонците - Свети Валентин или Свети Трифун?

Првиот е католички, вториот православен празник! 

Според православниот календар, 14 февруари – празникот  Свети Трифун се прославува како ден на виното и лозјето, додека пак кај католиците на овој ден се слави љубовта преку светецот Валентин (Свети Валентин). 

Оние кои се против прославата на Денот на вљубените велат дека се дава премногу простор на конзумеризмот, а љубовта и вниманието не се во подароците, додека најголем ќар имаат трговците. Младите, сепак, Свети Валентин го користат за уште еден убав повод за забава! 

Еве дел од досетливите коментари не платформата „X“ за денешните празници: