Winter Bike to Worк Day – кафулиња ќе нудат бесплатни пијалаци за велосипедистите

Во светот денеска по седми пат се одбележува интернационалниот Winter Bike to Worк Day, кој има за цел да повика и мотивира што повеќе луѓе во ист ден да го изберат велосипедот како начин на транспорт до работа или училиште.

Македонскиот главен град Скопје по петти пат се придружува на иницијативата која треба да поттикне што повеќе луѓе да созададат навика да го користат велосипедот како превозно средство, не само на овој ден, туку секојдневно, до работното место или училиштата.

На овој ден, многу ресторани, продавници и кафулиња во Скопје ќе понудат поволности за велосипедистите како бесплатни пијалоци или на попуст, подароци, основен сервис на велосипедот и слично.

Минатата година, Скопје беше истакнат од страна на организаторите поради големиот број на луѓе кои се обврзаа да го одбележат денот, со преку 1.000 поддржувачи и покрај магливото и студено време, што го стави на листата на топ 10 градови по масовност во однос на бројот на жители.