Вучиќ најави дека ќе помогне со храна и струја на Македонија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека повторно ќе и помогне на Македонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој синоќа на „Пинк ТВ“ објасни дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

-Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнеме на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас-објасни Вучиќ.