Втор ден „Сејф сити“: Вкупно 651 прекршоци - над 580 од нив за возење со поголема брзина

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци.

Како што информираат од МВР, од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“, апелираат од МВР.