Времето денеска, умерено облачно со локален дожд, од утре нов влажен бран

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд, информира УХМР.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 8 и 15, а дневната ќе достигне од 23 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени.

Во наредниот период ќе преовладува променливо и посвежо време. И утре во попладневните часови ќе има појава на локален дожд.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.