Времето денеска облачно и ветровито, еве кога се очекува следниот снег

Времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.