Времето денес облачно со поројни дождови во форма на невреме

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме.

Ќе дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната температура од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови.

Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 12 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.