Временска прогноза за следните шест дена: Се очекуваат температури и до -13 степени!

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа за временската прогноза за следни шест дена. 

Како што информираат, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени.

Во објавата на Фејсбук, од УХМР споделија и дабеларен приказ со временска прогноза до среда (14.01.2026).