Временска прогноза до крајот на неделата - еве какви ќе бидат последниот ден од старата и првиот ден од новата година

Под влијание на студена воздушна маса, утре (среда) ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На првиот ден во новата 2026 година (четврток), ќе дува умерен до засилен северен ветер, додека во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините.

За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.