Времен сообраќаен режим утре на булеварот „Киро Глигоров“

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден (26.03.2023 – недела) на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

- Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието.